Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта упати сериозни обвинувања кон судиската организација и судиите по контраверзната победа на Реал од 3-2 над Алмерија.
На натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија беа забележани неколку спорни ситуации, ВАР мораше да интервенира три пати и сите три одлуки беа во корист на Реал.
Им беше досуден пенал од кој Белингем погоди за 1:2, а ВАР потврди дека Винисиус погодил со рамо, а не со рака за 2:2.
Оттука и гневот од Каталонија, а најгласен е првиот човек на Барселона.
Откако ден по натпреварот изјави дека „срам за фудбалот“ бил натпреварот во Мадрид, своето видување за натпреварот и спорните ситуации ги коментираше за весникот наклонет кон Барселона, „Мундо Депортиво“.
„ВАР го презеде Натпреварот во Мадрид, сите судиски одлуки беа сменети по интервенции од ВАР-собата“, изјави Лапорта.
Наместо да биде од помош, ВАР стана проблем, тврди првиот човек на Барса.
„ВАР, кој служи како инструмент за помош на судиите, стана проблем поради лошата употреба. ВАР е киднапиран, сето тоа е поради притисокот што нашиот ривал го врши континуирано и постојано. Веќе не е поуздан и тоа трае долго време“.
Реал на табелата има седум поени повеќе од Барселона.