Навивач го доживеа она за што многумина сонуваат, да го запознае Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Средбата се случила среде улица.
Аргентинецот го отвори прозорецот од својот автомобил, го зеде дресот и го потпиша, на општо задоволство на навивачот.
Сообраќајот течеше покрај нив нормално, па овој потпис стана уште поскапоцен. Навивачот го добил непланирано, сосема случајно, а возачите зад нив биле трпеливи иако веројатно не знаеле што се случува и кој се наоѓа во автомобилот пред нив.
Меси осум пати ја освојуваше наградата „Златната топка“, што го прави рекордер. Аргентинецот моментално настапува за Интер Мајами.