Top Sport

Анчелоти за Барселона: Сите знаеме што правеа во последните 23 години

Реал Мадрид во сабота од 16:15 часот гостува кај Лас Палмас во натпреварот од 22. коло на шпанската Ла Лига.

Натпреварот на прес-конференцијата го најави Карло Анчелоти, а тренерот на Реал покрај следниот противник се осврна и на најголемиот ривал на Барселона. Поточно, Анчелоти одговори на прозивката што Чави ја упати кон Реал.

Критиките од Барселона дојдоа откако Реал, минатата недела ја анулира негативата од два гола против Алмерија и победи со 3-2 на Бернабеу. По натпреварот многу се зборуваше за судењето, а истото го коментираше и тренерот на Барселона.

„Сите видовте што се случи, ќе биде тешко да се освои оваа лига“, изјави тогаш Чави.

„Многу работи беа кажани минатата недела. Јас него сменим мислењето, не сакам да коментирам такви работи. Не треба да го оттргнуваме вниманието од клучното прашање. Сите знаат што се случи во последните 23 години во шпанскиот фудбал. Лигата не е наместена, шпанскиот фудбал имаше проблеми. Сега антикорупциското обвинителство и полицијата истражуваат и нема друг избор освен да се чека“, рече Анчелоти.

Scroll to Top