Top Sport

(Видео) Ѓоковиќ: Колку тенисери во историјата успеале да го направат тоа што јас го направив?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ даде интервју по Отвореното првенство на Австралија за „Канал 9“.

Ѓоковиќ го заврши својот настап во Мелбурн во полуфиналето, по поразот од Јаник Синер, кој подоцна ја освои титулата со триумфот над Данил Медведев.

Освојувачот на 24 Грен слем титули за австралискиот „Канал 9“ изјави дека уживал во Мелбурн и дека не му било добро во тој град само една година.

Потоа зборуваше за растењето во Србија.

„Поминавме низ две војни, ембаргото од 1992 до 1996 година, кога никој од српските спортисти не можеше да учествува на спортски натпревари и тоа те прави посилен, а можеше да оди и во спротивен правец. Мислам дека мојата судбина беше да играм тенис“, вели Ѓоковиќ.

Тој истакна дека постои врска помеѓу растењето и неговата ментална снаа.

„Не знам колку, но дефинитивно има врска со моето воспитување. Кога имав 12 години, имаше бомбардирање два и пол часа. Дали сè уште размислувам за тоа? Понекогаш, особено кога слушам огномет бидејќи ме потсетува на бомбите што експлодираа. Не е особено пријатно, веројатно е траума, но да се вратам на прашањето – мислам дека тоа е поврзано со тоа што никогаш не се откажувам и тоа се појавува во моментите кога се „крши“ мечот“, објасни Ѓоковиќ.

„Во Србија има една изрека – можеш да не убиеш, но не можеш да ни го убиеш духот, нашата душа. Јас верувам во тоа. Погледнете колку тенисери во историјата успеале во тоа што јас го направив? Не го кажувам ова за да се пофалам, го кажувам за да се потсетам, да се штипнам, да погледнам што направив“, рече Ѓоковиќ.

Scroll to Top