Top Sport

(Видео) Шампионот на Африка испадна од турнирот

Бранителите на титуата на Африканскиот куп (КАН) го завршија својот настап на овогодинешното издание во осминафиналето. Домаќинот Брегот на Слоновата коска го победи Сенегал по и изведувањето пенали со 5:4. Натпреварот во регуларниот дел и продолженијата заврши 1.1.

Фудбалот уште еднаш покажа дека може да биде окрутен. Сенегал кој се прошета низ групата, испадна од репрезентација која на „мускули“, влезе во нокаут фазата.

Брегот на Слоновата коска направи вистински подвиг бидејќи без селектор успеа да го победи бранителот на трофејот.

Сенегал водеше од четвртата минута со голот на Дијало, изедначи Кеси од пенал во 86.минута.

Трагичар во пебал серијата стана Нијакате, кој во третата серија ја погоди стативата.

Брегот на Слоновата коска во четвртфиналето ќе игра против Мали или Буркина Фасо.

Scroll to Top