Реал, синоќа победи, кај градскиот ривал Хетафе и се врати на чената позиција во Примера. Двата гола во победата ги постигна искусниот напаѓач, Хоселу.
Ден по натпреварот медиумите се занимаваат со вербалната пресметка меѓу младите Англичани, Џуд Белингем (20) и Мејсон Гринвуд (22).
Во еден момент од натпреварот, кога Белингем пред Гринвуд ја исфрли топката во аут, на ривалот му рече дека е „rapist“, што на англиски значи силувач.
Хетафе побара од делегатот на натпреварот да го вклучат видеото од во официјаниот извештај од натпреварот за да може Ла Лига да го казни Белингем.
Jude Bellingham after tackling Mason Greenwood
“R*PIST”😳😳
pic.twitter.com/ezXcgHSvWL— Footy Humour (@FootyHumour) February 1, 2024
За потсетување. Гринвуд до пред две години беше една од најголемите млади ѕвезди на англискиот фудбал. Неговата кариера се движеше по нагорна линија се до моментот кога неговата девојка инфлуенсерката Хариет Робсон, преку социјалните мрежи го обвини дека е насилен кон неа, дека ја тепал и ја принудувал на секс. Гринвуд беше уапсен и обвинет за обид за силување и физички напад.
Сепак, судењето не се одржа бидејќи сите клучни сведоци одбија да сведочат. Во јавноста се уште не е познато зошто го направиле тоа и дали Гринвуд некако се смирил со жртвата.
Веднаш потоа се споменуваше дека Јунајтед можеби ќе му даде уште една шанса, но потоа тој беше официјално отпишан ова лето, и покрај тоа што беше ослободен од обвиненијата за силување и насилство со кои се соочуваше.
Поради горенаведените причини Гринвуд не играше од почетокот на 2022 година до летото 2023. Во летниот преоден рок тој пристигна на позајмица во Хетафе. Во шпанскиот тим полека се враќа во вистинската форма, во досегашниот тек од сезоната постигна шест гола.