Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа трипл-дабл во победта на д Денвер над Портланд 120:108.
Јокиќ имаше учинок од 27 поени, 22 скока и 12 асистенции, што е негов 15-ти трипл-дабл сезонава.
Заедно со Јокиќ, најдобри играчи во тимот на Денвер беа Арон Гордон со 18 поени, Кентавијус Колдвел-Поуп со 16 и Пејтон Вотсон со 14 поени.
Во тимот на Портланд најефикасен беше Скути Хендерсон со 30 поени.
Покрај импресивната статистика на Јокиќ, треба да се истакне дека тој стана играчот со најмногу 20+20+10 трипл-дабл натпревари во последните 50 години од НБА.
Ова беше негов 38. трипл-дабл што го постигна по три четвртини.
НБА лига, резултати:
Детроит – ЛА Клиперс 125:136
Вашингтон – Мајами 102:110
Атланта – Феникс 129:120
Индијана – Сакраменто 122:133
Хјустон – Торонто 135:106
Мемфис – Голден Стејт 101:121
Минесота – Орландо 106:108
Оклахома – Шарлот 126:106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:114
Денвер – Портланд 120:108