Вечерта во НБА лигата ја одбележа уште една одлична партија на Никола Јокиќ, кој сега води во МВП трката, поразот на Милвоки Бакс и двете продолженија на мечот Оклахома-Торонто..
Јокиќ постигна 29 поени (12-20 од поле), осум скока и седум асистенции во победата на Нагетс над Портланд од 112:103. Џамал Мареј постигна 21 поен и 10 асистенции, а со по 12 поени мечот го завршија Портер, Вотсон и Гордон.
Денвер губеше со 14 разлика во првото полувреме, а првото водство го имаше дури на крајот од третата четвртина.
Деандре Ајтон ги предводеше Блејзерси со 27 поени (13-19 од поле) и девет скока, а Анферни Симонс додаде 26 поени.
По две продолженија и негативата од 23 поени, Оклахома Сити на крајот го победи Торонто со 135:127, со четворица играчи кои постигнаа повеќе од 20 поени: Џош Гиди 24, Шеј Гилџис-Александер 23 и по 22 од Чет Холмгрен и Лу Дорт.
Кај Репторс се истакна Ар-Џеј Берет со 23 поени.
Јута на домашен терен го изненади Милвоки со 123:108. Блескаше Лаури Марканен со 21 поен (8-15 од поле), додека Секстон и Џорџ беа стрелци на по 19 поени, а на другата страна Јанис Адетокумбо постигна 33 поени, со седум скока и 13 асистенции, а Боби Портис 27.
Со 32 поени на Ентони Едвардс и 17 поени и 13 скока на Руди Гобер, Минесота го декласираше Хјустон со 111:90.
Мајами загуби од ЛА Клиперс со 103:95. За тимот од Ел-Еј, Кави Ленард имаше 25 поени (8-16 од поле, 11 поени), а Џејмс Харден 21 (8 поени, 11 поени). Кај Хит најефикасен беше Џими Батлер со 21 поен.
Бостон го совлада десеткуваниот Мемфис со 131:91, со 34 поени на Тејтум и 26 на Порзингис, а Индијана славеше во дуелот со 115:99.