Фудбалерите на Ливерпул претрпеа тежок пораз во неделата, во дербито против Арсенал. Одбраната на чело со голманот Алисон Бекер е виновна за поразот. Во изјава по натпреварот одговорноста за лошата игра ја презеде капитенот, Вирџил Ван Дајк.
Арсенал го победи Ливерпул со 3:1 во дербито на 23. коло од Премиер лигата.
„Тежок ден за нас. Голот за 2:1 (го постигна Мартинели). Ја преземам целосната одговорност. Тоа беше голем момент во играта. Морам да кажам дека клучниот момент натпреварот беше моја одговорност. Сакам да го расчистам тоа. Ќе се опоравам од тоа“, изјави Ван Дајк по натпреварот.
„Алисон ме допре и не можев да ја отстранам опасноста, но јас сум виновен. Жал ми е што навивачите дојдоа и го гледаа овој натпревар. Тоа беше непотребен пораз“, изјави холандскиот дефанзивец.
Ливерпул и натаму е прв на табелата, но сега има само два бода повеќе од Арсенал. Третото и четвртото место го држат Манчестер сити и Астон Вила, со по пет бода помалку од Ливерпул, а „граѓаните“ имаат дури два меча помалку од останатите ривали.