Резултатиски лошата сезона за Челси, продолжи со два убедливи порази, најпрвин од Ливерпул (1:4), а потоа и на домашен терен од Вулверхемптон (2:4).
Челси се наоѓа на 11. место на табелата во Премиер лигата, а навивачите сметаат дека виновник за лошите резултати е менаџерот Маурисио Покетино. Сепак, се чини дека неговата позиција не е загрозена.
Аргентинскиот стручњак е под договор со клубот уште 18 месеци, а доколку тој и неговите помошници добијат отказ, Челси би морал да исплати 15 милиони евра.
Доколку Челзи беше принуден да ги плати тие пари, автоматски ќе го прекрши правилото за финансиски фер-плеј и ќе биде казнет со одземање поени.
Да потсетиме, поради кршење на финансискиот фер-плеј, Евертон беше казнет со одземање 10 бода.
Доколку би добил ваква казна, Челзи би бил само два бода над зоната за испаѓање и би се борел за опстанок.
Од доаѓањето на новите газди во клубот, предводени од Тод Боели, Челзи потроши над 1.000.000.000 фунти.