Српската ѕвезда на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ е познат како човек со големо срце, кој никогаш не штеди на добротворните цели, и ова го покажа уште еднаш откако плати 70.000 евра за малиот Дуѓан Тодоровиќ за операција и лекување во Барселона.
Семејството Тодоровиќ од Свилајнац, открива дека Матиќ бил човекот кој помогнал на нивното дете.
„Знам дека сите сакаа да дознаат кој е анонимниот донатор. Се работи за господинот Матиќ, кому му се заблагодаруваме со цело срце“, се вели во писмото на семејството Тодоровиќ.
Матиќ, кој доаѓа од малото градче Уб, во својот роден крај е главен спонзор на фудбалскиот клуб Единство, и српските медиуми неколку пати објавуваа дека кога се враќа дома тој во локалните продавници ги подмирува долговите на тие кои се „запишуваат“. Тој исто така помогна во реконструкцијата на локалната црква и на старата кула, а тие му вратија со именување на една улица по него.