Челси ја прекина серијата од два порази во Премиер лигата со победата над градскиот ривал Кристал Палас. Поранешниот играч на Кристал Палас, Конор Галагер ги предводеше „сините“ до победата 3:1.
Челси славеше на гостински терен и покрај тоа што одигра лошо прво полувреме. Во тој период Палас постигнаа гол. Во 30.минута, Џеферсон Лерма испрати проектил од 25 метри и го совлада Петровиќ.
На почетокот на вториот дел, во 47.минута изедначи Галагаер. Челси доминираше во вториот дел, но отпорот на Кристал Палас го скрши во 91.минута, повторно стрелец беше Галагер.
Три минути подоцна Енцо Фернандез го постави конечниот резултат.