20 фудбалски клубови ќе продолжат да се натпреваруваат во италијанската Серија А, откако пропадна обидот за намалување на лигата на 18 клубови.
„Потврден е актуелниот лигашки формат од 20 клубови“, се наведува во соопштението од Серија А.
Собранието на лигата, кое се состана во Милано, со големо мнозинство го отфрли проектот за намалување на бројот на клубови.
Според италијанскиот печат, само Интер, Јувентус, Милан и Рома, кои играат во европските натпреварувања речиси секоја година, гласале за намалување на лигата на 18 клубови. Останатите 16 биле против.