Оскар Табарез може да ги предводи Уругвај на четврто Светско првенство, откако го продолжи договорот со националната федерација до 2022 година.
Табарез е селектор на Уругвај од 2006 година, но иднината на 71-годишниот ветеран беше неизвесна по Светското првенство во Русија, каде што Уругвај загуби во четврт-финалето од Франција. Селекторот на У-20 репрезентацијата, Фабијан Които беше преоден селектор за пријателскиот меч со Мексико во август, но Табарез ќе се врати на клупата.
Поранешниот тренер на Бока јуниорс и Милан, веќе трипати ги однесе Уругвај на СП, а во 2010 година стигна и до четвртото место.