Top Sport

Класниќ за проблемите со бубрезите: Веќе никој од моето семејство не може да помогне

Поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Класниќ во петокот пред германски суд го објасни својот случај против лекарот на својот поранешен клуб Вердер Бремен, за кој тврди дека неправилно го лекувал неговиот проблем со бубрезите.

Хрватскиот фудбалер имаше три трансплантации на бубрег (последниот минатата година), и го доби случајот според кој докторот Диманси мора да му плати отштета од 100 илјади евра.

„Колку ќе издржи овој бубрег, само Господ знае. Никој од моето семејство веќе не може да ми помогне“, изјави Класниќ за германскиот „Ди велт“.

Класниќ првиот бубрег го доби од мајка му Шима, но по неколку дена се оцени дека трансплантацијата не е успешна. Потоа, тој го доби бубрегот на својот татко, со кого живееше 10 години, но во 2017 и тој откажа, и тој доби бубрег од анонимен донатор.

 

Scroll to Top