Фудбалерите на Јувентус го совладаа Фросиноне со резултат 3:2 (2:2) во натпреварот од 26. коло на италијанската Серија А.
Централна фигура на натпреварот беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, кој постигна два гола во првото полувреме, а потоа асистираше за победничкиот гол во 95. минута.
Првиот гол го постигна Влаховиќ во 3. минута. Следуваше шок за „старата дама“, Фросиноне со головите на Чедира и Бресанини направи целосен пресврт. .
До крајот на првиот дел Влаховиќ го изедначи резултатот.
Тоа беше негов деветти гол во Серија А во седум одиграни натпревари во 2024 година.
До победата Јувентус дојде во 95.минута со голот на Ругани, со што „старата дама“ ја прекина серијата од епт натпревари без победа.