Фудбалскиот клуб Реал е заинтересиран за левиот бек на Баерн и репрезентацијата на Канада, Алфонс Дејвисо.
„Скај спортс Германија“, тврди дека Дејвис решил да го напушти Баерн на крајот од сезоната, бидејќи повеќе не сака да игра во Бундеслигата.
Канадскиот фудбалер наводно ги договорил за личните услови, сега Реал треба да го договори обесштетувањето.
Дејвис (23) има договор со Баерн до јуни 2025 година, но Канаѓанецот, како што пренесува овој извор, ќе се обиде да добие трансфер во Реал на крајот на сезоната.
Тој во Баерн пристигна во 2018 година од Ванкувер за 14 милиони евра.
Канадскиот фудбалер одигра 180 натпревари за клубот од Минхен и постигна девет гола. Со Баерн освои 13 трофеи.
Дејвис за канадската репрезентација настапи на 44 натпревари и постигна 15 голови.
Дополнително, дел од шпанските медиуми пренесуваат дека „кралскиот клуб“ е подготвен да го врати дуото на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан и Касемиро.
ЕСПН објави дека Јунајтед, предводен од новиот косопственик, Џим Ретклиф, се подготвува да продаде дури 11 играчи во текот на летото. На таа листа се Варан и Касемиро.
Договорот на Варан со Јунајтед истекува во јуни 2025 година, а на Бразилецот една година подоцна.