Top Sport

Палермо на македонски погон ја прегази Перуџа (Видео)

Палермо, носен од македонскиот двоец, Александар Трајковски и Илија Несторовски, забележа победа во рамките на четвртото коло во Серија Б. Палермо ја победи Перуџа со 4:1. Во втората победа на екипата од Сицилија, Несторовски постигна два гола, а Трајковски имаше гол и асистенција.

Серијата на голови на „Ренцо Барбера“ во Палермо, по асистенцијата на Трајковски ја отвори Белуши во 14.минута. Четири минути подоцна, убав гол, со одар од 18-19 метри постигна Несторовски.

Во второто полувреме најпрвин погоди Трајковски во 58.минута, а десет минути подоцна Несторовски реализира пенал и ја зголеми предноста на Палермо на 4:0. До карјот гостите постигнаа гол преку Драгомир во 79.минута.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');