Во одложениот натпревар од 21. коло на Серија А на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија, Наполи убедливо победи против Сасуоло со 6:1.
Натпреварот започна по иделано сценарио за Сасуоло, со спектакуларниот гол на Урош Рачиќ во 17.минута.
Од тој момент Наполи доминираше на теренот. Израмни на 1:1 во 29. минута, а потоа до крајот на првото полувреме, Политано двапати асистираше за головите на Осимен, во 31. и 41. минута.
На стартот на вториот дел проработе оската Кварацкелија- Осимен, прво во 47. минута Грузиецот му асистираше за Нигериецот, а четири минути подоцна улогите се сменија.
Во 75. минута, Грузиецот го постигна својот втор гол и го постави конечниот резултат.