Езџан Алиоски постигна гол за Лидс, но не успеа да го спречи првиот пораз на својот тим оваа сезона во Чемпионшип дивизијата.
Алиоски погоди во 85.минута, но само го намали водството на Бирмингем на 1:2, што беше и конечен резултат на натпреварот. Од почетокот на сезоната ова е веќе трет гол за македонскиот репрезентативец.
https://twitter.com/AztecGodStreams/status/1043526857365184512
Бирмингем победникот го реши во првите 30 минути, кога Че Адамс постигна два гола во осмата и 29.минута.
Лидс и покрај поразот остана на лидерската позиција на табелата, која сега ја дели со Мидлзброу. Двата тима имаат по 18 бода, бод повеќе од Вест Бромвич Албион и два повеќе од Виган, Шефилд јунајтед и Дерби каунти.