Top Sport

Мурињо: Немавме мотивација, бодот е реален

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, изјавил резултатот 1:1 против Вувлерхемптон е реален.

„Црвените ѓаволи“ имаа предност на овој натпревар со голот на Фред, меѓутоа Вулверхемптон израмни во 53.минута со голот на Жоао Мутињо.

„Резултатот е правичен. Вулвс го заслужија бодот. Беа подобри, поагресивни. Бие и помотивирани од нас, не знам на што се должи тоа. Нашата игра беше лоша, без креација и динамика. Очекував повеќе од напаѓачите. Започнавме лошо, им дозволивме да го контролираат мечот. Вистинско чудо е што ние први постигнавме гол“, рекол Мурињо.

Манчестер јунајтед по шест кола веќе има осум бода помалку од лидерот на табелата Ливерпул. Екипата на Мурињо, во наредната рунда, ќе му гостува на Вест Хем.

Scroll to Top