Пол Погба, неодамна беше суспендиран на четири години поради користење недозволени супстанци. Со оглед на тоа што Погба наскоро ќе наполни 31 година долгата суспензија речиси сигурно ќе значи крај на неговата кариера.
Сепак, медиумите во Италија пишуваат дека Погба добил понуда од Русија да игра во фудбалската лига на познати личности. Светскиот првак со Франција добил покана од тимот Брок Бојс кој се натпреварува во Медиа фудбалската лига.
Станува збор за проект создаден во 2022 година, а за тимовите играат познати личности, актери, спортисти и пејачи.
Спортскиот директор Артјом Чатјатурјан изјави дека контактирал со менаџерот на Погба, Рафаела Пимента. На Погб му понудил 1.500 евра месечно, но и некои бонуси. Се чека одговорот на францускиот ас.
Погба целата своја професионална кариера ја помина во два клуба, Манчестер јунајтед и Јувентус.