Проблематичниот англиски фудбалер, Мејсон Гринвуд ја оживеа својата кариера во Хетафе по тешкиот период во Манчестер јунајтед. Гринвуд веројатно во летниот преоден рок ќе го смени клубот.
Не е реално да остане во предградието на Мадрид каде што игра на позајмица, враќањето во Јунајтед звучи уште понереално, но Гринвуд секако има квалитет да биде сериозна опција за многу клубови во Европа.
Проблем за тимовите кои се заинтересирани за него може да биде тоа што Јунајтед за него ќе бара 50.000.000 евра.
Гринвуд одигра 129 натпревари за Јунајтед и постигна 35 гола. За Хетефе оваа сезона постигна шест гола на 23 натпревари.