Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, го имаше забивањето на сезоната во победата на неговиот тим над Јута Џез со 114:104.
Кон крајот на третата четвртина, бекот на Вулвс истрча контра, се одрази кај линијата за слободни фрлања и ја заби во кошот преку Џон Колинс, играчот на Јута.
Во таа прилика, веројатно со лакт во главата го закачи Колинс, кој остана да лежи на паркетот, додека самиот Едвардс си го повреди прстот.
Тоа им го покажа на играчите, кои воодушевено му пријдоа да му честитаат. Истрча во соблекувалната, но брзо се врати со завој околу повредениот прст. Натпреварот го заврши со 32 поени, од кои 25 постигна во второто полувреме.