Top Sport

Алегри го напушта Јувентус на крајот од сезоната

Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, тврдат неколку италијански медиуми. Според овие извори, Алегри ќе го напушти клубот пред истекот на договорот. Тренерот има договор со Јувентус до јуни 2025 година.

„Тутоспорт“ и „Газета дело Спорт“, објавија дека ниту Јувентус сака да му понуди нов договор, ниту Алегри сака да остане во клубот. Според овие извори проблем нема да биде ниту оштетата која треба да ја добие Алегри за предвремен раскин на договорот.

Тренерот има годишна плата од седум милиони евра, но според медиумите двете страни ќе договорат раскин на договорот за помала сума.

Јувентус, пред еден месец беше легитимен кандидат за шампионската титула, но во последните осум натпревари забележа само една победа и на табелата падна на третото место.

Scroll to Top