Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој неодамна беше осуден за силување, наскоро може да биде ослободен штом плати кауција од милион евра.
Овие пари, според шпанските медиуми, ќе ги плати лично таткото на неговиот пријател и поранешен соиграч Нејмар.
Секако, зад оваа дарежлива помош на пријател стои фудбалерот на Ал-Хилал.
Судот во Барселона во средата одлучи дека Алвеш практично може да си купи слобода, поточно да си го исплати остатокот од казната, откако легендата на Блауграна отслужи четвртина од четири и полгодишната затворска казна поради силување.
Услов за ослободување на Алвеш од затвор е тој да ги предаде бразилскиот и шпанскиот пасош за да не може да ја напушти Шпанија.
Исто така, тој ќе мора да се јавува на суд секоја недела.
Неколку извори потврдија за каталонскиот весник „Ла Вангардија“ дека Нејмар сениор ќе ги плати парите од кауцијата.
Нејмар и неговиот татко веќе еднаш дојдоа на помош на Алвеш за време на неговиот престој во затвор, тие платија и 150.000 евра за обештетување на жртвата на силување, бидејќи сметките на Алвеш беа замрзнати.
Со таа сума Алвеш успеа да добие минимална казна од четири и пол години, па практично, успеа да дојде во позиција да го исплати остатокот од казната.
Нејмар и Алвеш се долги години пријатели, едно време беа соиграчи неколку години во Барселона, потоа во репрезентацијата, а играа и за Пари Сен Жермен.