Легендарниот Единсон Кавани, познат и како Ел Матадор, ужива во Аргентина каде на 38-годишна возраст игра за Бока Јуниорс. Ветрранот од почетокот на сезоната има постигнато шест гола во девет натпревари.
Последниот гол, против Централ Норте во Купот беше спектакуларен. Кавани со ножиќки ја заврши одличната тимска акција.
Во летото 2023 година, Кавани се врати во Јужна Америка по 16 години, откако го напушти својот матичен клуб Данубио во 2007 година, а потоа импресионираше во Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а неговата последна станица во Европа беше Валенсија.
Во својата одлична кариера Кавани постигна повеќе од 400 гола и беше најдобар стрелец во историјата на ПСЖ се додека неговиот рекордот не го собори Килијан Мбапе.
Edinson Cavani proving why class is permanent 🚲
(via @TyCSports)pic.twitter.com/UsuD519NxB
— B/R Football (@brfootball) March 24, 2024