Реал Мадрид и Барселона се сериозно заинтересирани за 16-годишниот Аргентинец Франко Мастантуон, фудбалер на Ривер Плата, кој дебитираше за првиот тим и почна да собира сениорска минутажа, а неодамна стана и најмладиот стрелец во историјата на клубот.
Мастантуоно е уште еден од низата таленти од фудбалската школа на Ривер кои го привлекуваат вниманието на најдобрите клубови во светот. Неодамна Клаудио Ечевери, кој е две години постар од Мастантуоно и исто така е офанзивен играч за врска, направи трансфер во Манчестер сити вреден 18,5 милиони евра.
Ечевери ќе остане на позајмица во Ривер Плата цела 2024 година, односно целата актуелна сезона на јужноамериканскиот фудбал. После тоа, постои можност тој да замине на позајмица во Џирона, партнерскиот клуб на Сити со иста сопственичка структура.
Барселона и Реал веројатно имаат ист план за Мастантуоно чиј потпис би сакале да го обезбедат што поскоро, како што неодамна направи Реал со Ендрик, но сигурно е дека Мастантуоно ќе биде значително поскап од неговиот соиграч Ечевери. Неговата откупна клаузула моментално е 30 милиони евра.
16-year-old River Plate talent Franco Mastantuono became the youngest scorer in their history last week.
He has been linked to #FCBarcelona, but now #RealMadrid are also believed to be interested. (TNT Sports)pic.twitter.com/5GEMjmn6qw
— Football España (@footballespana_) March 13, 2024