Црвена звезда во финишот на натпреварот успеа да избори 1:1 реми против Партизан во 158. вечно дерби на Белград за да остане на два поени пред својот ривал во српската Суперлига.
Партизан беше поактивен противник во стартот на мечот, со две одлични шанси на Јанковиќ и Бабиќ, за Рикардо Гомеш да ја искористи предноста и со одличен гол во 33. минута да донесе предност за „црно-белите“.
Сепак, Звезда, во првиот меч по историското враќање во Лигата на шампионите против Лацио оваа недела, успеа да се спаси во второто полувреме и да остане непоразена, откако Ричмонд Боаче по еден корнер за Звезда со глава го матираше противничкиот голман. Топката беше влезена во голот за израмнување на 15 минути пред крајот.
Дербито, секако, изобилуваше со кореографија и гласно навивање. Со бодот, Звезда останува прва со 22 поени, додека Партизан е трет со 20, исто како и второпласираниот Раднички Ниш.