По одличната гостинска победа кај Манчестер сити во Лигата на шампионите, Лион ги покажа своите амбиции и во француската Лига 1, откако во дербито со Марсеј стигна до убедлива 4:2 победа во меч полн со голови, шанси, прекршоци и емоции.
Бернар Траоре постигна два гол, а Хусем Аурам и Набил Фекир (од пенал) додадоа уште по еден за импресивна победа на домашниот клуб со која го освоија 10-тиот поен и се израмнија со Марсеј на шестото место со идентичен број на поени.