Top Sport

Зверев и пресуди на селекцијата на Светот

Германскиот тенисер Александар Зверев и донесе победа на селекцијата на Европа, која во второто издание на Лејвер купот славеше над селекцијата на Светот.

Зверев, петто рангиран на АТП листата, по голема драма за два часа и 13 минути игра, го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка со 6:7, 7:5, 10:7. Со оваа победа Зверев на својот тим му донесе недостижна предност од 13:8.

Поради недостижната предност на селекцијата на Европа, не се одигра дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос.

Покрај Зверев и Ѓоковиќ во селекцијата на Европа беа уште Григор Димитров, Давид Гофан, Кајл Едмунд и Жереми Шарди.

Scroll to Top