Top Sport

Ракометарките изборија пласман на Европското првенство

Foto/ macedoniahandball.com.mk

Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство, кое во декември годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. „Црвено-жолтите“ по седми пат ќе учестваат на еврошампионатот. Ова ќе биде седмо учество на најдобрите ракометарки на континеталните шампионати.

Македонија пласманот на ЕП го обезбеди со убедливата победа над Азербејџан. Во претпоследното коло, во Баку, Македонија славеше со 37:22 (19:12).

Во последното коло Македонија ќе ја пречека Литванија во Скопје.

Натпреварот во Баку имаше доза на неизвесност само во првите 20 минути, кога репрезентативките на Азрбејџан се доближија на гол негатива (12:11). Во преостанатите 40 минути на теренот доминираа македонските ракометарки.

Саздовска и Ристовска со седум, односно шест голови ја предводеа Македонија до победата во Баку.

Македонија седми пат ќе биде учесник на едно ЕП. На претходните шест, најдобриот пласман го оствари во 2008 година, кога беше седма, а шампионатите во 1998 и 2000 година ги заврши на осмата позиција.

Scroll to Top