Top Sport

Најсмешниот автогол во 2018 доаѓа од Кина (видео)

Гуангжу Р&Ф успеа да извлече 1:1 реми со Чонгкинг Лифан во неделниот меч од Кинеската Суперлига, меч одбележан со еден од најсмешните автоголови во последните години.

Откако топката се „шеташе“ во шестнаестникот, бекот на Гуангжу, Ји Тенг се обиде да ја исчисти топката од пред голот, но наместо тоа ја упати директно во ребрата на својот соиграч Хуанг Женгју за да влезе во голот. Ксијао Жи израмни за Гуангжу десетина минути подоцна.

Тренерот на Гуангжу, легендата на српскиот фудбал, Драган Стојковиќ-Пикси, очигледно не беше задоволен.

Scroll to Top