Top Sport

И Нандо де Коло го престигна Спанулис

Францускиот кошаркар Нандо де Коло стана втор стрелец во историјата на Евролигата. Ветеранот го мина Василис Спанулис на вечната листа, пред него е само Мајк Џејмс.

Де Коло во победата на Асвел над Валенсија 98:69, постигна 19 поени, три скока и пет асистенции.

Поранешниот француски репрезентативец досега во кариерата во Евролигата има постигнато 4.456 поени.

Де Коло има 36 години, а во кариерата во Евролигата настапуваше и за Валенсија, ЦСКА и Фенербахче.

Scroll to Top