Top Sport

(Видео) Тежок инцидент во Росарио, играч на Пењарол со крваво лице го напушти теренот

Фудбалерите на аргентинскиот Росарио Централ го совладаа уругвајски Пењарол со 1:0 во 1. коло од групата Г, во Копа Либертадорес. Натпреварот мина во сенка на инцидентот што го предизвикаа хулиганите на домашната екипа.

Веднаш по крајот на натпреварот, кога гостинските фудбалери се упатија кон трибината каде што беа сместени нивните навивачи, од делот на стадионот на кој се наоѓаа симпатизерите на Росарио полета камен кој заврши под окото на гостинскиот играч Макси Оливеира.

Извештаите велат дека кратко време бил во несвест, а потоа станал и со крваво лице потрчал да се соочи со напаѓачите.

Со поглед го барал хулиганот кој тешко го повредил, но соиграчите го задржале и успеала де го смират.

Scroll to Top