Сезоната во Еврокупот заврши, останува уште да го добиеме победникот. За трофејот, во француското финале ќе се борат Париз и Бург. Победникот наредната сезона ќе игра во Евролигата.
Во понеделникот, Еврокупот ја избра идеалната петорка на сезоната, ја предводи натурализираниот Македонец, Ти-Џеј Шортс.
Ти-Џеј Шортс (Париз)
Плејмејкерот со македонски пасош го предводеше Париз до најдобриот скор во Еврокупот. Париз сезонава забележа 20 победи и само еден пораз, од Бешикташ. Шортс е втор стрелец и прв асистент во Еврокупот. Има просек од 18 поени и 7,5 асистенции по натпревар.
Тревион Вилијамс (Улм)
Најдобриот скокач на Еврокупот (10,8 скока по натпревар во просек). Вилијамс сезоната ја заврши со дабл-дабл просек од 14,8 поени и 10,8 скока. Тој беше најважниот играч на германскиот шампион.
Габе Оласени (Лондон Лајонс)
Британецот сезоната во Еврокупот, во која Лондон дојде до полуфиналето ја заврши со просек од 15,5 поени и 7,5 скока по натпревар.
Исаја Мајк (Бург)
Канаѓанецот е најдобриот играч на Бург оваа сезона. Неговиот просек по натпревар до финалето е 12,8 поени и 4,2 скока.
Мет Морган (Лондон Лајонс)
Петтиот најдобар стрелец на натпреварувањето во просек постигнува 16,5 поени и бележи 3,9 асистенции.