Синоќешното доделување на наградите, кое ФИФА го организираше во Лондон, мина без фудбалерите што обележа една деценија во светскиот фудбал: Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Наградата за играч на годината ја доби Лука Модриќ, тој освои 29,05 отсто од гласовите на капитените и селекторите на националните тимови. Втор во изборот е Кристијано Роналдо (19,08 %), а трет Мохамед Салах (11,23 %).
Лионел Меси во оваа конкуренција заврши на петтото место, освојувајќи околу девет отсто од гласовите.
Меси и Роналдо се играчи величини, поради што и вечера, а е денес, медиумоте се занимаваат со нивните одлуки да не се појават во Лондон.
Еден од оние кој ги критикуваше двајцата беше и Серхио Рамос. Капитенот на Реал и шпанската репрезентација, повторно беше избран во тимот на годината.
„Сметам дека Крис и Меси се најдобри играчи во светот. Поради тоа бидејќи се најдобри требаа да бидат на церемонијата каде се избира најдобриот играч во светот. Сакав Лео и Крис да бидат тука, но тие решија да не дојдат. Кога станува збор за Лука, драго мие што ја доби наградата. Имаше неверојатна сезона“, рекол Рамос.