Фудбалерите на Челси го декласираа Евертон со 6:0 во 33.коло, во Премиер лигата на Англија. Натпреварот во секој поглед го обележа Кол Палмер со четири гола. 20-годишникот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата се изедначи со Ерлинг Халанд. Двајцата имаат постигнато по 20 голови.
Првиот, и најубавиот гол на Палмер на натпреварот, го одбележа седмиот последователен домашен натпревар на кој тој постигнува гол. Палмер е првиот играч на Челси во историјата со ваков учинок.
Помеѓу 13. и 29. минута, Палмер го постигна својот втор последователен хет-трик на „Стемфорд Бриџ“.
Палмер малку си ја нагрди брилијантната партија во второто полувреме кога одби да му дозволи на Нони Мадуеке да изведе пенал. Во таа прилика го оттурна Џексон, кој топката му ја даде на Мадуеке тој да го изведе пеналот. На крајот пресуди капитенот Конор Галагер.
Палмер го изведе пеналот, постигна гол и се изедначи со Халанд во листата на стрелците, а реализираниот пенал беше негов деветти без промашување. Тоа е втора најдолга серија во историјата на Премиер лигата, пред него е само Јаја Туре (11).
Челси во наредното коло ќе игра против Арсенал, а Евертон против Нотингем Форест.