По осум години минати во клубот, капитенот на Лацио, Чиро Имобиле ќе го напушти „Олимпико“, на крајот од сезоната.
Имобиле четири пати беше најдобар стрелец во италијанската Серија А, 34-годишниот се смета за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на клубот.
Иако договорот му истекува дури во летото 2026 година, најдобриот стрелец во клупската историја не е во плановите на новиот тренер Игор Тудор, кој веќе најде замена за него.
Како што пишува италијанска „Ла Република“, следното лето Лацио ќе тргне по центарфорот на Џенова, Матео Ретеги, италијанскиот репрезентативец, роден во Аргентина.
Ретеги има 24 години, а оваа сезона за Џенова постигна осум гола на 26 натпревари, а за селекцијата на „аѕурите“ одигра шест натпревари и постигна четири гола.
Џенова за трансферот на Ретеги ќе бара околу 25.000.000 евра.