Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард не планира да го отпушти Жозе Мурињо по потпросечниот старт на новата сезона, барајќи од акционерите на клубот да ја „погледат пошироката слика“.
Јунајтед во саботата повторно разочараа со 1:1 ремито со Вулверхемптон за да освојат 10 од можните 18 поени во Премиер лигата со порази против Брајтон и Тотенхем. Но, Вудвард смета дека не се потребни брзи и непромислени реакции.
„Лесно е да се фатиш во флуктуациите на натпреварите во сезоната, но треба да се направи чекор назад и да се погледне пошироката слика. Ние сме најголемиот спортски тим на светот според бројот на фановите и знаеме дека тоа е позиција која бара постојан напор и инвестиции. Нашиот борд, нашите инвеститори и сите во клубот следат што се случува на теренот и што треба да се направи за да се освојуваат титули. Тоа е една од причините поради кои го ангажиравме Жозе Мурињо и веќе имаме три титули со него“, вели Вудвард.
Ова доаѓа откако клубот имаше рекорден приход во 12-те месеци до 30 јуни 2018 година.