Животот на трагично починатиот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Лајам Милер беше одбележан со меч на легендите на Манчестер јунајтед и Селтик на „Парк Уи Чаоим“ во Корк, Ирска.
Милер, кој имаше 22 настапи за Јунајтед од 2004 до 2006, почина од рак на панкреасот на 36 години во февруари оваа година.
Рој Кин беше менаџер на комбинираниот тим на Јунајтед за кој играа Рајан Гигс, Пол Скокс и Гери Невил, додека за комбинираниот тим на Селтик и Република Ирска играа имиња како Роби Кин и Дамиен Даф.
Јунајтед поведоа преку Денис Ирвин и Луис Саха, пред Роби Кин и Колин Хили да израмнат за Селтик. „Црвените“ сепак беа победници на крај, откако Дион Даблин го постигна победничкиот гол во пенал-серијата.