Поранешниот центар на Црвена ѕвезда, Ален Омиќ, потпишал договор со актуелниот првак во АБА-лигата, Будуќност од Подгорица.
Клубот не објави детали од договорот, а се претпоставува дека Омиќ потпишал едно годишен договор, со можност тој да биде продолжен за уште една година.
Поранешниот репрезентативец на Словенија, ќе ја засили центарската линија во пресрет на сезоната во АБА-лигата и Евролигата.
Омиќ минатата полусезона играше во Црвена ѕвезда и на 11 натпревари во Евролигата бележел по девет поени и четири скока по натпревар.
Кошаркарите на Будуќност, во неделата, беа поразени од Црвена ѕвезда во финалето на Суперкупот, во АбА-лигата.