Top Sport

Валверде: Честитки за Модриќ, но Меси е најдобар

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рекол дека неговиот играч Лионел Меси, требало да ја освои наградата за најдобар играч во светот.

ФИФА, во понеделникот ги додели наградите, а сите почести беа наменети за Лука Модриќ, додека Меси заврши на петтото место.

„Името на наградата е „The best“, а играчот што според нас е најдобар во светот не беше таму. Секоја чест за Модриќ, но Меси е најдобриот. Сите имаа свое мислење, го имам и јас“, рекол Валверде.

Лионал Меси, исто како и Кристијано Роналдо, не присуствуваше на церемонијата во Лондон, со што и двајцата искажаа непочитување кон победникот.

Scroll to Top