Foto/ EPA
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Баерн не успеа да ја искористи надмоќта во поголемиот дел од натпреваорт и со предност да патува во Мадрид на реваншот.
Виновник е Кореецот Ким Мин-Јае, згреши кај двата гола.
„Беше премногу алчен и во двата случаи. Прво, прерано стартуваше на Винисиус за првиот гол, а Тони Крос со додавање го фати на погрешна нога. Тој ризикуваше и беше премногу агресивен. Истата грешка ја направи и кај вториот гол. Игравме пет на два, бевме повеќе. Немаше потреба толку агресивно да го брани Родриго. Кога Даер се обиде да му помогне, Ким го собори Родриго. За жал, со квалитетот што го има Реал тие грешки се казнуваат. Тоа се случува, мора да продолжиме понатаму“, изјави Тухел.
Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ на програмата е наредната середа.