Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро ја почна рехабилитацијата по скршените ребра добиени при сообраќајка во Амстердам, враќајќи се на лесни тренинзи.
Аргентинскиот интернационалец се повреди откако присуствуваше на концерт во холандската престолнина, а таксистот кој го враќаше дома се удри во столб. Поради ова тој го пропушти натпреварот на Сити против Челси, како и квалификациските натпревари на Аргентина.
Агуеро, кој има само еден гол помалку од рекордот на Ерик Брук со 177 голови за Манчестер сити, учествувал на кратка тренинг-сесија со присутен физиотерапевт. Од Сити првично стравуваа дека стрелецот на седум голови оваа сезона, ќе има подолга пауза.