Селтик славеше на домашен терен во последниот „Олд Фирм“ оваа сезона и на тој начин речиси ја обезбеди титулата во Премиер лигата на Шкотска. Во вечното дерби, Селтик го победи најголемиот ривал Ренџерс со 2:1.
Селтик на две кола до крајот на сезоната еден бод го дели од шампионската титула.
Ренџерс долго време беа лидери во шкотската Премиер лига, но слабите резултати на последните три натпревари пред почетокот на плеј-офот ги спуштија на втората позиција.
Домашните поведоа во 35. минута преку О`Рајли, кој погоди по додавањето на Мек Грегор, а само три минути подоцна Селтик ја удвои предноста со автоголот на Лундстрам. Ренџер намалија на 2.1 во 40. минута преку Дезирс.
Лундстрам во втората минута од судиското надополнување на времето направи уште една глупост, доби црвен картон, поради што Ренџерс второто полувреме го одигра со фудбалер помалку.
Селтик веројатно можеше да реши се во 55. минута, но О`Рајли не искористи пенал.