Top Sport

„Лудиот Макс“ гореше гуми во Лас Вегас

Саемот „СЕМА“ во Лас Вегас е Мека за љубителите на модифицирани и засилени автомобили, а оваа година 160.000 посетители имаа шанси да ја погледаат најновата Ф1 ѕвезда Макс Ферстапен во акција.

„Благодарение на нашиот партнер за масла, Мобил 1, донесовме два шампионски болиди од 2011, РБ7 на шоуто, и Макс Ферстапен беше посебен гостин“, стои во соопштението на Ред бул.

По неколку часови потпишување автограми, интервјуа, Макс прво возеше Астон Мартин, пред да го предаде воланот на славниот водител на ТВ-шоуа и љубител на автомобили, Џеј Лено.

Тогаш дојде главното, Ферстапен влезе во болидот со бучниот и моќен В8 мотор на специјално дизајнираната патека, за вистинско воодушевување на илјадниците фанови.

Scroll to Top