Top Sport

„Тајната шопинг листа“ на Баерн вредна 323 милиони евра

Германскиот великан, Баерн Минхен за прв пат по 12 години заврши сезона без освоен трофеј. Баер Леверкузен стави крај на 11-годишната доминација на Баварците во германскиот шампионат. Во осминафиналето на Купот на Германија, Баерн, шокантно беше елиминиран од третолигашот Сарбрикен, додека Реал Мадрид го исфрли во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Челниците на клубот од Минхен преговараат за останување на Томас Тухел, кој требаше да си замине на крајот од сезоната, но стана прва опција откако Чаби Алонсо, ЈулијанНагелсман и Ралф Рангник одбија да го преземат клубот.

Баерн според угледот што го има не смее да си дозволи уште една лоша сезона. „Билд“ пишува дека клубот ќе се обиде во летниот преоден рок да донсе седум фудбалери.

Списокот на играчи кои Баерн ги сака во летниот преоден рок, според „Билд“, и нивните вредности на „Трансфермаркт“:

1. Стопер: Џонатан Тах (28), Баер Леверкузен, 30 милиони евра
2. Лев бек: Тео Ернандез (26), Милан, 60 милиони евра
3. Централен играч за врска Френки де Јонг (27), Барселона, 70 милиони евра
4. Централен играч за врска Асан Уедраого (18), Шалке, 8 милиони евра
5. Централен играч за врска Амаду Онана (22), Евертон, 50 милиони евра
6. Крило: Крис Фирих (26), Штутгарт, 25 милиони евра
7. Офанзивен играч за врска Чави Симонс (21), ПСЖ, 80 милиони евра

„Трансфермаркт“, веб-страница специјализирана за проценка на вредноста на фудбалерите, проценува дека споменатата листа на играчи вреди вкупно 323 милиони евра. Секако, тоа не значи дека Баерн треба да плати токму толку за нив, туку зависи од преговори, клаузули и многу други работи.

Спортските директори на Баварците, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, наводно ја составиле оваа листа, а „Билд“ исто така истакнува дека тоа не значи дека сите ќе дојдат бидејќи желбите зависат од тренерот, но и од евентуална продажба на сопствените играчи.

Scroll to Top