Top Sport

Поради недолично однесување Јувентус му врачи отказ на Алегри

Масимилијано Алегри (56) повеќе не е тренер на Јувентус, соопштија од клубот. Алегри доби отказ поради недолично однесување, откако во средата го освои Купот на Италија со победата од 1-0 над Аталанта.

Тоа беше 15. Куп трофеј за „бјанконерите“ и единствен оваа сезона.

Тимот на две кола пред крајот е на четвртото место на табелата, може да падне и на петтото место, но главната причина за отказот на Алегри е неговото недолично однесување по финалниот меч во Купот.

„Масимилијано Алегри е разрешен од должноста тренер на Јувентус. Отказот беше поради однесувањето на тренерот за време и по финалето на Купот, што не е во склад со вредностите на Јувентус. Соработката која започна во 2014 година. а потоа повторно во 2021 година завршува тука, со освоениот Куп. Клубот му посакува среќа на Масимилијано Алегри во неговата понатамошна кариера“, објави Јувентус.

Сега веќе поранешниот тренер на Јувентус беше многу емотивен и негативен кон одредени новинари по споменатиот меч со Атланта.

Алегри го водеше Јуве во двамандати, од 2014 до 2019 година и од 2021 до 2024 година.

Алегри го напушти Јувентус?

Scroll to Top