Top Sport

Марадона: Под притисок си кога не можеш да си ги прехраниш децата

Диего Армандо Марадона истакнал дека не чувствува никаков притисок по лошите резултати на клупата на мексиканскиот второлигаш Дорадос.

Марадона неодамна стана тренер на овој тим, а веќе испадна од Купот на Мексико. Во 1/16-финалето Дорадос испадна од Керетаро.

Поради тоа се сочил со новинарски прашања, дали е под притисок поради лошите резултати на својот тим. Легендата одговорил кратко и многу јасно.

„Не чувствувам притисок. Притисокот постои кога треба да станеш во четири часот наутро и да одиш на работа, а знаеш дека дома ќе донесеш 100 пезоси (околу 300 денари). Кога немаш да ги прехраниш децата. тоа е притисок. Јас можам да извадам храна на масата и за тоа му благодарам на Бога“, порачал Ел Пибе.

Тимот на Марадона по осум кола во втората лига на Мексико се наоѓа на 12.место со шест бода. Втората мексиканска лига брои 15 екипи.

Scroll to Top